Вести Македонија

Многу „ново месо“ во Собранието, помалку од четвртина стари познаници- има и повратници

Новиот состав на парламентот ќе има само 28 пратеници од стариот состав, останатите 92 ќе бидат ново месо во пратеничките клупи. Некои испаднаа уште при правењето на листите, некои не успеаја да го поминат прагот гласови потребен за премин на собраниските порти.

Тројца пратеници го почнуваат седмиот мандат по ред, Али Ахмети, Мендух Тачи и Иван Стоилковиќ се во Собрание од 2002-ра година.

Во собраниските клупи ќе се најдат и 8 актуелни министри меѓу кои и екс премиерот Зоран Заев, 6 мина се од СДСМ, двајца од ДУИ. Уште 9-мина функционери и директори исто така влегуваат во парламентот, 6-мина од СДСМ и тројца од ДУИ.

По составувањето на владата ќе се смени многу, бидејќи неколкумина сигурно ќе го заменат пратеничката со министерска фотеља.

Дотогаш распоредот на силите е 46 за коалицијата Можеме во состав СДСМ Беса, 44-ца се од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ самостојно има 15 пратеници, коалицијата Алијанса-Алтернатива има 12 места, Левица е нова со двајца пратеници, а ДПА редовна од 1994-та но сега само со еден пратенички мандат.

Во првата изборна единица од 8-те пратеници на Можеме, тројца први се министрите на СДСМ, Никола Димитров, Мила Царовска и Дамјан Манчевски. Влегува Моника Зајкова од ЛДП, директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, досегашниот пратеник Горан Мисовски, Кастриот Реџепи и Марија Георгиевска.

Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ја предводи професорската двојка од скопскиот Правен факултет, Гордана Силјановска и Тимчо Муцунски, следуваат Синиша Стојаноски и Бети Стаменкоска Трајкоска, па социјалистот Љупчо Димовски единствен кој се враќа како пратеник од стариот мандат на оваа листа, претставникот на ГРОМ Љупчо Пренџов и Велика Стојкова- Серафимовска.

ДУИ ќе ја претставуваат повратникот во Собранието Изет Меџити и доскорешниот директор на скопскиот Центар за јавно здравје Арбен Зибери. Две нови лица доаѓаат од коалицијата Алијанса/Алтернатива, а дебитант ќе биде и Димитар Апасиев од Левица.

Во двојката ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаат по 7-мина, Владо Мисајловски, разрешената министерка Рашела Мизрахи, кумановецот Бране Петрушевски, двајцата досегашни пратеници Стоилковиќ од ДПСМ и Жаклина Пешевска.

Можеме ја предводат техничкиот премиер Оливер Спасовски и директорката на УЈП Лукаревска, пратеникот Мухамед Зекири, а тука се Даниела Маркоска, директорот на Службен Весник Мартин Костовски, активистката за ромски права Љатифе Шиковска и поранешниот градоначалчник на АРачиново Бастри Бајрами.

ДУИ и Алијансата имаат по тројца пратеници, министерот за образование Арбер Адеми ја предводи листата на ДУИ, додека пратеникот Африм Гаши од Алтернатива ја предводи коалиционата со Алијанса.

Во третата изборна единица ВМРО-ДПМНЕ има дест пратеници, предводени од партискиот секретар Игор Јанушев, а на листата се и Иван Јорданов, досегашните пратеници Благица Ласовска, Стојан Миланов и координаторот на пратеничката група Никола Мицевски, како и уште професорка од скопскиот правен – Иванка Василевска.

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски ја води листата на СДСМ од девет пратеници, меѓу нив се и тројца досегашни Јагода Шахпаска, Маја Морачанин од ДОМ и пензионираниот генерал Илија Николовски кој ја води партијата на пензионери.

Преку СДСМ, место обезбеди и активистот за животна средина Ненад Коциќ, поранешниот министер Љупчо Балковски како претставник на ВМРО-Народна на Љупчо Георгиевски. Ново лице е вториот пратеник на Левица Борислав Крмов.

Во 4-тата изборна единица е нерешено во мандати, СДСМ ја предводи партискиот лидер Зоран Заев, тука се и пратениците Соња Мираковска, Панчо Минов, Костадин Костадинов и лидерот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов.

Партискиот потпретседател Александар Николовски ја води листата на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со досегашната пратеничка Ане Лашкоска од Прилеп и со уште 8 нови лица во Собранието

Во 5-тата изборна единица, СДСМ-БЕСА ја води министерката Радмила Шекеринска, координаторот на пратеничката група Јован Митрески, а нов мандат си обезбедија уште тројца пратеници Бети Рабаџиевска, Енес Ибрахим од турската партија и Жаклина Лазаревска. Избран е и досегашниот директор на затворот Идризово Боби Мојсоски кој е од ЛДП.

Оперскиот пејач Игор Дурловски повторно ќе влезе во Собранието, сега како носител на ВМРО-ДПМНЕ, а како пратеник со нов мандат се враќа Антонио Милошоски. И во 5-ката ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претставуваат доста нови пратеници-6мина вкупно.

ДУИ освои тројца, ги води спикерот Талат Џафери кој ќе ја отвори првата сесија на новиот собраниски состав. Алијансата освои еден мандат,  старо-нов пратеник е Сурија Рушиди.

Во 6-тата изборна единица, ДУИ има 7, ги води партискиот лидер, Али Ахмети,  мандат добива и досегашниот министер за екологија Насер Нуредини, директорот на медицинскиот центар во Тетово Бајрам Реџепи, професорката Арта Зендели Билали.

Алијансата има 6, тука е лидерот Зијадин Села, а дополнителните 5 мандати се нови лица во Собранието.

Уште еден лидер, на Беса Биљал Касами ја води коалицијата Можеме, а на оваа листа се и Фаница Николовска од СДСМ и пратеникот Фадиљ Зендели. Вмро-ДПМНЕ има двајца пратеници, актуелната Дафина Стојановска и Александар Вељановски.

Последното место го обезбеди лидерот на ДПА Мендух Тачи.

Миомир Серафиновиќ

 

Имињата на новите пратеници се (болдирани се имињата на досегашните):

ИЕ 1

Коалиција Можеме (СДСМ-БЕСА)

  1. Никола Димитров
  2. Мила Царовска
  3. Дамјан Манчевски
  4. Моника Зајкова
  5. Дарко Каевски
  6. Горан Мисовски
  7. Кастриот Реџепи
  8. Марија Георгиевска

Коалиција ВМРО-ДПМНЕ

  1. Гордана Силјановска Давкова
  2. Тимчо Муцунски
  3. Синиша Стојаноски
  4. Бети Стаменкоска Трајкоска
  5. Љупчо Димовски
  6. Љупчо Пренџов
  7. Велика Стојкова Серафимовска

ДУИ

  1. Изет Меџити
  2. Арбен Зибери

Алијанса за Албанците и Алтернатива

  1. Скендер Реџепи
  2. Абдула Салиу

Левица

  1. Димитар Апасиев

ИЕ 2

Коалиција ВМРО-ДПМНЕ

  1. Владо Мисајловски
  2. Рашела Мизрахи
  3. Бране Петрушевски
  4. Иван Стоилковиќ
  5. Жаклина Пешевска
  6. Дарко Костовски
  7. Бојан Стојаноски

Коалиција Можеме (СДСМ-БЕСА)

  1. Оливер Спасовски
  2. Сања Лукаревска
  3. Мухамед Зекири
  4. Даниела Маркоска
  5. Мартин Костовски
  6. Љатифе Шиковска
  7. Бастри Бајрами

ДУИ

  1. Арбер Адеми
  2. Берат Ајдари
  3. Мерита Колчи Коџаџику

Алијанса за Албанците и Алтернатива

  1. Африм Гаши
  2. Ељми Азири
  3. Сафије Садики Шаини

ИЕ 3   

Коалиција ВМРО-ДПМНЕ

  1. Игор Јанушев
  2. Иван Јорданов
  3. Благица Ласовска
  4. Иванка Василевска
  5. Стојан Миланов
  6. Игор Здравковски
  7. Миле Лефков
  8. Никола Мицевски
  9. Даниела Христова
  10. Марија Петрушева

Коалиција Можеме (СДСМ-БЕСА)

  1. Љупчо Николовски
  2. Јагода Шахпаска
  3. Сашко Николов
  4. Маја Морачанин
  5. Ненад Коциќ
  6. Соња Михаиловска
  7. Љупчо Балковски
  8. Марија Ангелова
  9. Илија Николовски

Левица

  1. Борислав Крмов

 

ИЕ 4

Коалиција Можеме (СДСМ-БЕСА)

  1. Зоран Заев
  2. Соња Мираковска
  3. Миле Талевски
  4. Даниела Колева
  5. Панчо Минов
  6. Марија Костадинова
  7. Костадин Костадинов
  8. Лолита Ристова
  9. Коле Чаракчиев
  10. Павле Трајанов

Коалиција ВМРО-ДПМНЕ

  1. Александар Николовски
  2. Ане Лашкоска
  3. Дајанчо Ефтимов
  4. Ели Панова
  5. Зоранчо Јованчев
  6. Петар Ристески
  7. Здравко Трајанов
  8. Ангелинка Петкова
  9. Златко Пенков
  10. Јадранка Поцкова

 

ИЕ 5

Коалиција Можеме (СДСМ-БЕСА)

  1. Радмила Шекеринска
  2. Јован Митрески
  3. Бисера Стојчевска-Костадиновска
  4. Лазе Таневски
  5. Бети Наумовска-Рабаџиевска
  6. Енес Ибрахим
  7. Боби Мојсоски
  8. Жаклина Лазаревска

Коалиција ВМРО-ДПМНЕ

  1. Игор Дурловски
  2. Антонио Милошоски
  3. Силвана Ангелевска
  4. Кирил Пецаков
  5. Јован Јаулески
  6. Олга Лозановска
  7. Ѓоргија Сајкоски
  8. Лидија Петкоска.

ДУИ

  1. Талат Џафери
  2. Исмаил Јаоски
  3. Арбана Пашоли

Алијанса за Албанците и Алтернатива

  1. Сурија Рушиди

 

ИЕ 6

ДУИ

  1. Али Ахмети
  2. Фљорин Бесими
  3. Арта Зендели Билали
  4. Насер Нуредини
  5. Бајрам Реџепи
  6. Вјолца Адеми
  7. Бајрам Кадриу

Алијанса за Албанците и Алтернатива

  1. Зијадин Села
  2. Атнан Незири
  3. Илире Даути
  4. Хусни Исмаили
  5. Халил Снопче
  6. Артина Ќазими

Коалиција Можеме (СДСМ-БЕСА)

  1. Биљал Касами
  2. Фаница Николоска
  3. Бејџам Иљаз
  4. Фадиљ Зендели

Коалиција ВМРО-ДПМНЕ

  1. Дафина Стојановска
  2. Александар Вељановски.

ДПА

  1. Мендух Тачи
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Силно невреме: Се сруши Кран во Белград

Дејан Дејан

ОЈО бара притвор за лицето осомничено за подметнување на пожарот во Ѓорче Петров

Дејан Дејан

Два огнени крака, еден кон Николиќ, другиот кон Ѓопчеле – силен ветар го разгоре пожарот во дојранско

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе