Репрезентациите на Англија и Велс на осми октомври на Вембли ќе одиграат контролен натпревар и тоа ќе биде прв настап на националните тимови по пауза од скоро една година.
Активностите на репрезентациите се прекинаа со почетокот на пандемијата, а овој меч ќе биде прв во оваа година.
Натпреварот ќе се игра без присуство на гледачи, а фудбалските асоцијации ќе го искористат овој дуел да им одадат почит на легендите Џеки Чарлтон, Мартин Питерс, Норман Хантер и Питер Бонети кои починаа во текот на оваа година.