Вести Избори 2020 Македонија Најважни

ДИК потврди водство на СДСМ пред ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори

Државната изборна комисија потврди дека коалицијата “Можеме” освоила 36,13 проценти од гласовите на денешните парламентарни избори во Македонија, пред коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со освоени 34,65% од гласовите.

Демократската унија за интеграција е трета политичка партија со освоени 11,57% од гласовите и Алијансата за Албанците за која гласале 8,79% од граѓаните.

Левица е петто пласирана на изборите со освоени 3,96% од гласовите на граѓаните, додека за ДПА гласале 1,48 од граѓаните.

ДИК не соопшти информации за мандатите кои ги освоиле политичките партии a објавените резултати се врз основа на обработени 93,96% од вкупниот број на гласови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Франциск, папата од народот кој се обиде да ја реформира Римокатоличката црква

Дејан Дејан

На Граничниот премин Богородица не очекуваат долготрајно чекање

Дејан Дејан

Обвинителството истражува како се депонира пепелта во РЕК Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе