Избори 2020 Македонија

90 лица со попреченост набљудувачи на гласањето на 210 изборни места

Oва е семејството Џинговски. Тие веќе трети избори се набљудувачи. Поминале обука за да можат да набљудуваат изборен процес, но и да да бидат обучувачи  и да подготват други луѓе со попреченост да следат избори .

Сепак, Даниела Стојановска – Џинковска вели дека годинава имаат рекорден број на набљудувачи и се распоредени на 210 изборни места.

Инаку, според извештајот на набљудувачите на Инклузива дел од местата за гласање не биле пристапни за лицата во инвалидски колички, немало простор за одржување на социјална дистанца, на некои места параваните за гласање на инвалидизираните лица не биле поставени или биле поставени на несоодветни места, немало пристапни рампи.

Некои места биле тесни за да можат да се движат лицата со попреченост кои користат количка или помагала.

Теодора Цветковска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гаши: Папа Франциск ги вгради принципите на мирот, социјалната правда и меѓурелигиозниот дијалог

Дејан Дејан

На ГП „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу 20 минути

Дејан Дејан

Шоферско „лудило“- претекнувал колона кај Гостивар, возел дупло побрзо од дозволеното кај Гиновце, среде Кавадарци пијан турнал бандера, какви прекршоци се прават на патиштата низ Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе