Избори 2020 Македонија

37-годишна скопјанка уапсена – причина партиско обелжје на маската и расправија со полицајците

Околу 13,15 часот на гласачко место бр.„2695“ во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ претседателот на избирачкиот одбор побарал интервенција, бидејќи лице влегло на гласање со маска на лицето на која имало партиски симбол и не сакало да ја смени, информираат од министерството за внатрешни работи.

37-годишната скопјанка ја сменила маската, гласала, но откако дошле полицајците во училиштето.,

Расправијата продолжила на висок тон, по што Лицето потоа почнало на висок тон да се расправа со полициските службеници по што и била дадена наредба да престане и излезе надвор од училиштето за да не го нарушува јавниот ред и мир за време на гласањето, при што истата одбила и продолжила да го нарушува јавниот ред и мир.

Лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесен записник за констатиран прекршок по чл.4„ Нарушен ЈРМ со карање, викање, дрско и непристојно однесување“ и чл.14„ Нарушување на ЈРМ со непочитување на наредба од УПС“ од ЗППЈРМ.

Во 13,10 на гласачко место 0755 во село Осој, општина Кичево заменик претседателот на избирачкиот одбор пријавил дека во просторијата за гласање, Г.М. додека гласал го фотографирал гласачкото ливче, а по барање на членовите на избирачкиот одбор лицето ги избришало фотографиите. Констатиран е прекршок по член 190 ст 2 од Изборниот Законик. Се преземаат мерки за документирање на настанот од страна на ПС од ОВР Кичево.

Во 12:40 часот од страна на претседателот на ИО на гласачко место бр.2909 во ОУ Живко Брајковски во Скопје дека непознато лице наводно сликало гласачко ливче. Од страна на полициски службеници лицето е лишено од слобода и утврдено е дека се работи за Е.Е. (29) од Скопје. Против лицетео ќе биде поднесен соодветен поднесок

Во 10,45 часот, М.И. пријавил нарушување најавен ред и мир во Прилеп во дворот на ОУ “Кире Гаврилоски“, каде Џ. П. од Прилеп физички го нападнал Г.Д. од Прилеп. Интервенирано е од полициски службеници од НККР Прилеп, а при прегледот кај лицето Џ.П пронајден и одземен бил пиштол марка “ЦЗ“. Се работи на расчистување на случајот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На Граничниот премин Богородица не очекуваат долготрајно чекање

Дејан Дејан

Обвинителството истражува како се депонира пепелта во РЕК Битола

Дејан Дејан

Колапси и прејадување за Велигден

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе