Избори 2020 Македонија Најважни

До 15 часот на гласање излегле 31,78 отсто од гласачите

Одѕивот на гласачите до 15 часот е 31,78 отсто, соопштија од Државната изборна комисија попладнево на прес-конференција. Обработени се податоците од 3.435 избирачки места на кои гласале 576.576 граѓани.

Најголем одѕив има во Четвртата изборна единица каде излезноста е 35,56 отсто, а најмала и понатаму е излезноста во Шестата изборна единица – 22,85 проценти.
Во Првата изборна единица излезноста е 34,51, во Втората – 29,96, во Третата – 37,24, во Четвртата-35,56, во Петтата – 31,51 и во Шестата – 22,85 отсто.

Досега до ДИК, како што информира портпаролот на ДИК Адмир Шабани, не се доставени приговори. Имало мал прекин на гласањето на избирачко место во селото Лојане, а причината била неусогласување на сериските броеви на гласачките ливчиња. Гласањето подоцна е продолжено и се одвива непрекинато.

Што се однесува до прекинот на гласањето во Липково, во избирачко место во село Лојане, добивме информација дека имало краток прекин, а причината за прекинот било неусогласувањето на сериските броеви на гласачките ливчиња. Прекинот траел додека Избирачкиот одбор не проверил дали се на број, при што е констатирано дека има толку гласачки ливчиња колку што се запишани избирачи во Избирачкиот список. Целата оваа ситуација е констатирана во посебен записник. Таму гласањето е продолжено и тече непрекинато, појасни Шабани.

По изборни единици најголема излезност во Првата изборна единица има во Центар – 38,82 отсто, во Карпош – 38,4 и во Кисела Вода – 36,77 отсто.

Во Втората изборна единица се издвојува Ѓорче Петров со 36,74 отсто и Бутел со 34,54 отсто.

Во Третата изборна единица и понатаму најголем е одѕивот во Пробиштип – 44,32 отсто, по што следуваат Лозово – 42,46, Берово – 41,09 и Градско – 37,62 отсто.

Во Четвртата изборна единица најголема излезност има во Гевгелија – 44,01 отсто, како и во Демир Капија – 42,52 и Неготино со 41,5 отсто.

Во Петтата изборна единица, излезноста во Вевчани е 49, 2 проценти, во Крушево – 47,02 проценти и во Дебрца – 36,07 проценти.

Во Шестата изборна единица, каде има најмал одѕив од сите изборни единици, најмногу на гласање излегле во Тетово 26,17 проценти и во Јегуновце – 25,31 отсто.

Следната прес-конференција на која ДИК ќе објави нови податоци за излезноста е закажана во 17:30 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Папата Франциск на 88-годишна возраст

Дејан Дејан

Шоферско „лудило“- претекнувал колона кај Гостивар, возел дупло побрзо од дозволеното кај Гиновце, среде Кавадарци пијан турнал бандера, какви прекршоци се прават на патиштата низ Македонија

Дејан Дејан

Африм Гаши останува дел од ВРЕДИ, парламентарниот спикер се огласи по шпекулациите дека и тој ја напушта коалицијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе