Вести Избори 2020 Македонија

На овие избори, за прв пат гласањето ќе трае три дена

Најспецифичните избори што досега биле организирани во земјата имајќи ја предвид состојбата со коронавирусот и мерките што треба ги почитуваат граѓаните,  членовите на избирачките одбори, набљудувачите и сите други вклучени во процесот со носење маска, држење растојание и дезинфекција. Во Избирачкиот список за овие избори се запишани еден милион 814 илјади и 263 граѓани со право на глас. Поделени се во шест  изборни единици. Во нив, општина со најголем број гласачи е Куманово со 93 илјади 600, а општина со најмал број гласачи е Лозово – помалку од 2 илјади. ДИК го заклучи списокот четири дена пред крајниот рок. Во Избирачкиот список се ставени и сите лица кои до 15 јули ќе станат полнолетни.

Граѓаните своите гласачки листови треба да ги обележат со заокружување на редниот број пред подносителот на листата. Напоменувам со заокружување на редниот број подносителот на листата. Ниту еден друг знак не смее да биде ставен во гласачкото ливче затоа што во таков случај гласачкото ливче ќе биде сметано за неважечко, изјави Адмир Шабани, портпарол на ДИК 

На посебни изводи во Избирачкиот список се: 83 илјади граѓани на привремен престој во странство, илјада и 600 кои отслужуваат затворска казна, 357 сместени во старски домови и 6 лица кои се уште се водат како внатрешно раселени.

Десетите парламентарни ихзбори ќе се организираат на 3 илјади 750 избирачки места. 90 предвидени места нема да се отворат бидејќи имаат помалку од 10 гласачи.

Гласањето ќе се спроведува на 3.480 гласачки места. Ќе се гласа за 15 политички партии и коалиции коишто вкупно имат 1.578 кандидати.

На овие избори нема да се спроведува гласање во дијаспората, бидејќи за време на пријавувањето кое се случи пред прогласувањето на вонредната состојба, не се пријавија доволен број наши државјани. Сепак, иселениците ќе можат да гласаат доколку допатувале во нашата земја со важечка патна исправа.

Утре, вторник, на 14 јули гласаат болните, немоќните и хронично болните, лицата во старските домови, затворениците и лицата во домашен притвор.

Гласачките места на 15 јули (среда), кој е прогласен за неработен ден, ќе бидат отворени во 7 часот наутро, а изборниот ден завршува два часа подоцна од вообичаено,  во 21 часот. Гласањето е продолжено поради мерките за заштита од Ковид-19. Поради тоа исто така е сменета и локацијата на околу 10 отсто од гласачките места, поради тоа што не ги исполнувале препораките на здравствените власти.

Првично Десетите парламентарни избори беа закажани за 12 април, но поради пандемијата со коронавирусот тие беа одложени и презакажани за 15 јули, по долги преговори на политичките партии.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гаши: Папа Франциск ги вгради принципите на мирот, социјалната правда и меѓурелигиозниот дијалог

Дејан Дејан

АХВ спровела 617 контроли, уништени 1.740 килограми небезбедна храна

Дејан Дејан

На ГП „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу 20 минути

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе