Вести Македонија Топ вести

Се удави момче во езерото „Младост“

28 -годишно момче се удави попладнево во водите на велешкото езеро „Младост. Несреќата се случила околу 16 часот, кога момчето кое било од Скопје, заедно со неговиот татко и уште неколкумина други луѓе се капеле во езерото, во близина на бродот „Панини“.

Во еден момент, момчето потонало, но другите не забележале веднаш дека го нема. По извесно време почнале да го бараат, повикале и полиција, која пак, ја алармирала противпожарната единица до Велес.

Телото го пронашле пожарникарите околу 17 часот, а докторите од велешката брза помош ја констатирале смртта. На местото увид прави  јавен обвинител, кој треба да одлучи дали ќе издаде наредба за обдукција на телото на удавеното момче.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: ДУИ прво ме контактираа мене со цел да ја растурат коалицијата „Вреди“

Дејан Дејан

Меџити: Членството на АА не сака да биде „гума за спасување“ на ДУИ

Дејан Дејан

Во Алијансата за Албанците не размислуваат сите како Таравари, тврди Меџити

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе