Во продавница во штипската населба Радански пат позната по долговите на редовните муштерии впишани во тетратка, полицијата вчера при претрес нашла над 110 лични документи и го нашла списокот со должниците.
Министерот за внатрешни работи Чулев обвинува дека приведениот сопственик е поврзан со поткуп на гласачи во корист на СДСМ, додека дополнителната Петровска му врати дека е очајник кој злоупотребува тековна истрага за партиски цели иако знае дека се води за економски криминал, а не за поткуп на гласачи. Чулев тврди дека истрагата е отворена по оперативни сознанија дека сопственикот на продавницата држи лични карти на луѓе од ромска националност кои имале долг.
ФБ статус на Наќе Чулев, министер за надворешни работи: Долгот наводно би им бил подмирен доколку истите на денот на изборите гласаат за политичката партија СДСМ. При извршениот претрес во прехранбената продавница на лицето биле пронајдени 4 тетратки во А4 формат во кои имало список со имиња, 69 биометриски лични карти, 18 биометриски патни исправи, 18 стари патни исправи, 6 стари лични карти, 1 дозвола за престој и 1 здравствена легитимација, за кои постои основано сомневање дека се предмет на Кривично дело ,,Поткуп при избори и гласање“.
Петровска му врати дека е очајник со очајнички потези кој тековна истрага ја злоупотребува с извртување на факти.
Телоп ФБ статус на Славјанка Петровска, дополнителен заменик министер за внатрешни работи: Чулев намерно или заради отсјајот не споделува клучни информации од спроведената истрага, а тоа е дека сите од досега сослушаните граѓани чии лични документи се најдени изјавиле дека личните документи не им се земени заради поткуп туку заради долг. Ова не е кривично дело поврзано со изборите туку кривично дело од областа на економскиот криминал кое допрва треба да се докаже. Срамно е да се злоупотребува позицијата министер за внатрешни работи и да се соопштуваат невистини. Очигледна е намерата на Чулев да влијае на истрагата и да ја злоупотреби за партиски цели.
Продавницата била во сиромашно маало каде купувачите преку шалтер земале стока и ако немале да платат ги оставале личните карти како гаранција. Со истите документи треба да гласаат, а обвинителството го истражува случајот по добиеното известување за да утврди каков криминал е сторен.
Миомир Серафиновиќ