Македонија Топ вести

Штипски изборни игри со пишанки и земени лични карти за долг во продавница

Во продавница во штипската населба Радански пат позната по долговите на редовните муштерии впишани во тетратка, полицијата вчера при претрес нашла над 110 лични документи и го нашла списокот со должниците.

Министерот за внатрешни работи Чулев обвинува дека приведениот сопственик е поврзан со поткуп на гласачи во корист на СДСМ, додека дополнителната Петровска му врати дека е очајник кој злоупотребува тековна истрага за партиски цели иако знае дека се води за економски криминал, а не за поткуп на гласачи. Чулев тврди дека истрагата е отворена по оперативни сознанија дека сопственикот на продавницата држи лични карти на луѓе од ромска националност кои имале долг.

ФБ статус на Наќе Чулев, министер за надворешни работи: Долгот наводно би им бил подмирен доколку истите на денот на изборите гласаат за политичката партија СДСМ. При извршениот претрес во прехранбената продавница на лицето биле пронајдени 4 тетратки во А4 формат во кои имало список со имиња, 69 биометриски лични карти, 18 биометриски патни исправи, 18 стари патни исправи, 6 стари лични карти, 1 дозвола за престој и 1 здравствена легитимација, за кои постои основано сомневање дека се предмет на Кривично дело ,,Поткуп при избори и гласање“.

Петровска му врати дека е очајник со очајнички потези кој тековна истрага ја злоупотребува с извртување на факти.

Телоп ФБ статус на Славјанка Петровска, дополнителен заменик министер за внатрешни работи: Чулев намерно или заради отсјајот не споделува клучни информации од спроведената истрага, а тоа е дека сите од досега сослушаните граѓани чии лични документи се најдени изјавиле дека личните документи не им се земени заради поткуп туку заради долг. Ова не е кривично дело поврзано со изборите туку кривично дело од областа на економскиот криминал кое допрва треба да се докаже. Срамно е да се злоупотребува позицијата министер за внатрешни работи и да се соопштуваат невистини. Очигледна е намерата на Чулев да влијае на истрагата и да ја злоупотреби за партиски цели.

Продавницата била во сиромашно маало каде купувачите преку шалтер земале стока и ако немале да платат ги оставале личните карти како гаранција. Со истите документи треба да гласаат,  а обвинителството го истражува случајот по добиеното известување за да утврди каков криминал е сторен.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фросина Кулакова-детето ангел денес ќе наполнеше 23 години

Дејан Дејан

Села: Европскиот фронт“ нема да го поддржи законот за правична застапеност

Дејан Дејан

Сиљановска потпретседателот на САД наместо Џеј Ди Венс го нарече Диџеј Венс

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе