Дисциплинска постапка за началникот на ОВР СТРУГА, а опомена за началникот и дополнителниот заменик началник на СВР Охрид предлага Внатрешната контрола за прекршување на процедурите и законите во случајот „Литија во Струга“, соопштија за Телма од МВР.
Внатрешната Контрола “утврди елементи за постоење на одговорност кај раководни полициски службеници од СВР Охрид за постапување спротивно на законските прописи и Одлуките на Влада за време на пандемија, како и постапување спротивно на правилата и прописите кои се применуваат во Министерството за внатрешни работи “ – соопштија од МВР .
Како што дознава Телма, според наодите на Внатрешната контрола, одржувањето на Литијата не смеело да се дозволи, поради што следуваат и казните кои се предлагаат. Началникот на струшката полиција ќе одговара дисциплински за потешки повртеди на работниот ред и дисциплина, а началикот на СВР Охрид и неговиот дополнителен заменик ќе добијат опомена за „несоодветно однесување и извршување на работни задачи“.
ОД МВР не одговорија на прашањето дали полициските службеници ќе одговараат и кривично за злоупотреба на слижбена должност, и дали извештајот е предадени до ОЈО Струга кое води посебна истрага, освен дека соработуваат со струшкото обвинителство.