Вести Свет Топ вести

Нема полициски час во Белград, само забрана за собири

Забрана за собирање на повеќе од 10 луѓе на отворен и на затворен простор, е една од трите мерки за Белград кои ги воведе Кризниот штаб, во обид да го спречи ширењето на корона вирусот, кој ги наполни речиси сите болнички капацитети во градот. Но, дали оваа мерка ќе ги спречи Белграѓани да излезат трет ден на нови протести не се знае. Планот за најавениот полициски час беше повлечен, но демонстрантите синоќа во огромен број излегоа на улиците. На почетокот мирно, но брзо почнаа судирите со полицијата.

На булеварот „Крал Александар“ се одвиваше игра на „мачка и глушец“. Полицијата со солзавец ги протера назад демонстрантите, кои откако се регрупираа повторно надоаѓаа, постојано фрлајќи камења, лопати и други предмети кон полицајците.

Стампедо настана во делот на булеварот кај црквата „Свети Марко“ откако таму полицијата испали голема количина солзавец, па демонстрантите побегнаа кон паркот Ташмајдан. Полицијата се обиде да направи кордон за да ги спречи, но демонстрантите беа побрзи. Се вклучија и околопните возила и полицајци на коњи.

Нешто пред полноќ демонстрантите се разотидоа. Резултатот од синоќешните немири се 19 повредени полицајци, и 17 демонстранти. Уапсени се десетици учесници. Од полициската бруталност не беа поштедени ниту новинарските екипи, кои иако уредно се легитимираа добија пендреци и искинати легитимации.

Министерот за внатрешни, на вонредна прес конференција се обиде на некој начин да го релативизира насилството што полицијата го употреби.

Ужасни работи се случуваа. Полицијата и покрај тоа на многу нормален и рационален начи ја врати контролата на целиот простор, каде се случуваа насилните демонстрации. Преземаме посебни мерки и дејствија за граѓаните на Србија да имаат слобода, и да не дозволиме кој било насилник да ги малтретира, изјави министерот за внатрешни, Небојша Стефановиќ. 

За Стефановиќ протестите се обид да се преземе власта без волјата на народот. Рече дека полицајците мирно и воздржано се однесувала се се додека не биле загрозени нивните животи. Со оглед на тоа што протестот никој не го пријавил – истиот е незаконски рече првиот полицаец.

За голем број аналитичари, полицијата треба да одговара, за начинот на кој се справува со демонстрантите. Многумина се сомневаат и дека Владата на протестите испраќа хулигани за да прават нереди и да предизвикаат судири.

Протести имаше и во Нови Сад и во Крагујевац. И тука имаше хаос на улиците а  полицијата не се воздржуваше од бруталност. Во меѓувреме, не се намалува бројот на заболени од корона вирусот во Србија. Поради влошената состојба воведена е вонредна состојба во 20 општини. Слободни кревети во привремените Ковид болници има за уште два дена, што е еден вид најава за колапс на здравствениот систем.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

Да се забрза транспортoт на храна кон Косово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе