Ракомет Спорт

Металург најде плејмејкер во Марко Тарабокија

Најново засилување за Металург за идната сезона е босанскиот репрезентативец Марко тарабокија.

Искусниот 31-годишник треба да биде засилување на позицијата централен бек и ќе ја има улогата на главен креатор на играта на „металурзите“.

Тарабокија ја започна кариерата во Загреб, а потоа играше за Марибор и Азоти Пулави во Полска. Од 2015 до 2019 играше за Висла Плок за кого настапуваше и во Лигата на шампиони. Негови последни два клуба беа Сесвете и Чургој од Унгарија.

Металург летово донесе неколку квалитетни и искусни странски засилувања како Златко Хорват, Момир Рниќ, Бранко Канкараш и Никола Потиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Победи на Англија и Холандија, бод за Словенија и Данска

Дејан Дејан

УЕФА отвори дисциплинска постапка против Албанија

Дејан Дејан

Англичаните ќе поделат 14 милиони фунти

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе