Македонија

Нападнат лекар од тетовската Клиничка болница

Лекар во Клиничката болница во Тетово пријавил дека бил нападнат од 32-годишен пациент по што интервенирала полицијата. Инцидентот се случил во текот на вчерашниот ден, по што напаѓачот бил хоспитализиран во скопска здравствена институција.

Во 8 часот и 25 минути, 47-годишен лекар од тетовската Клиничка болница во СВР Тетово пријавил дека на Психијатриското одделение физички бил нападнат од 32-годишниот пациент К.И.од тетовско Боговиње, по што бил смирен и испратен за хоспитализација во скопска болничка установа, соопштија од СВР Тетово.

Тетовската полиција вчера попладне регистрираше и физички напад во семејство на улицата „Мирче Ацев“ во градот. Триесетгодишна жена во СВР Тетово пријавила дека во нивниот дом по вербална расправија со снаата, два пати физички ја нападнал нејзиниот 29-годишен брат. Пријавениот е повикан во Полициската станица во Тетово за расчистување и документирање на случајот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Ристевска: Прво ви велат „Сменете го Уставот“, а потоа ви велат „Билатералните спорови надвор“- контрадикторно е

Дејан Дејан

Министерството за правда информира дека се неточни тврдењата дека ќе се изгубат средствата од реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе