Ковид19 Свет

Мета не ја отфрла можноста да го свика Советот за национална безбедност поради влошената состојба со Ковид-19

Албанскиот претседател Илир Мета искажа загриженост поради зголемувањето на бројот на новозаразени и на починати од коронавирус во Албанија, додавајќи дека не ја исклучува можноста да го свика Советот за национална безбедност.

Тој смета дека ситуацијата во земјата бара нова стратегија во консултација со земјите од ЕУ и Светската здравствена организација.

Зголемувањето на бројот на граѓани погодени од Ковид-19 итно бара сериозен одраз, од државните институции, од владата, од опозицијата. Повеќе од неопходна е нова, конкретна и долгорочна стратегија, со добро дефинирани протоколи за справување и контролирање на растечкото ширење на оваа пандемија, која сериозно го загрозува здравјето и животот на граѓаните. Исто така е неопходна поинтензивна и поефикасна комуникација со соседните земји, со оние од регионот, со земјите од ЕУ и со СЗО, рече Мета.

За ова прашање, претседателот рече дека може да го повика Советот за национална безбедност.

Секако, до сега сме имале неколку седници на Советот и доколку показателите се влошуваат, во договор со Владата, ќе свикам седница, рече Мета.

Тој упати апел до граѓаните строго да ги почитуваат мерките и протоколите, да се грижат за своето и здравјето на другите. Смета дека токму непочитувањето придонело за влошување на показателите и оти тоа „не помага да се отворат границите со ЕУ, ниту со соседите и земјите во регионот“.

Во Албанија во последните 24 часа се регстрирани нови 71 заразени а починале три лица, меѓу нив и еден лекар, што е втора жртва од Ковид-19 меѓу белите мантили.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Затемнување во Шпанија и Португалија- прогласена вонредна состојба откако двете држави останаа без струја

Дејан Дејан

Путин објави привремено прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Разговорите за мир меѓу Украина и Русија во „критична фаза“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе