Свет

Неофицијални резултати- ХДЗ освои 69 мандати

Објавени се првите неофицијални резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 69 мандат, Рестарт 43, Домовински покрет 15 мандати, Мост 6, Можиме 5, реформисти 2, коалицијата Памтно/фокус/ССИП 2 мандати и ХНС 1 пратеничко место.

Од Домовински покрет на Мирослав Шкоро велат дека освоиле 16 мандати и испратија јасна порака на НДЗ – Нема да има влада без нас.

Според излезните анкети ХДЗ и Домовински покрет на Мирослав Шкоро можат заедно да формираат влада, а со оглед на просечниот резултат на ДП, чии челници спомнуваат и до 30 мандати, тешко е за верување дека тие ќе можат да продолжат да инсистираат на своите услови претседателот на ХДЗ Андреј Пленковиќ да не биде премиер.

Во Хрватскиот сабор има 151 пратеничко место.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан и Индија се согласија на целосно примирје

Дејан Дејан

Фон дер Лајен, Макрон и Мерц: Построги санкции ако Русија одбие примирје

Дејан Дејан

Илјадници Романци на проевропски протест пред вториот круг од претседателските избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе