Свет Топ вести

Твитер отстрани фотографија на „Њујорк Тајмс“ објавена од Трамп

Твитер отстрани фотографија објавена од американскиот претседател Доналд Трамп откако весникот „Њујорк Тајмс“ се пожали дека со тоа им го повредил авторското право врз сликата.

Трамп во свој твит од 30 јуни објави фотографија со коментарот „тие не ме бараат мене, туку тебе, а јас сум им на патот“.

„Њујорк Тајмс“ се пожали на објавата бидејќи станува збор за фотографија направена од фотографот на нивниот весник во 2015 година, пренесуваат британските медиуми.

Место фотографијата, сега на тоа место има коментар: Оваа фотографија е отстранета по жалба на сопственикот на авторските права.

Твитер од мај почна да ги проверува објавите на Трамп и оттогаш неколку пати се судри со американскиот претседател, кој им се закани дека ќе го промени законот за оваа социјална мрежа ја направи одговорна пред законот

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Како институциите се надлежни за земање пари, а за управување со депонијата Шапкар не се, реагираат екоактивистите

Дејан Дејан

Трамп: Не сакам промена на власта во Иран, бидејќи не сакам хаос

Дејан Дејан

И покрај прекршувањата, примирјето е во сила, тврди Трамп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе