Македонија Топ вести

Македонија за октомври ја очекува конечната верзија на преговарачката рамка со ЕУ

„Да ни е со среќа“, со овие зборови шефот на дипломатијата Никола Димитров денеска го заврши обраќање по одлуката на Европската комисија да ја достави предлог-преговарачката рамка за Македонија. Сепак таа сега треба да го помине филтерот на земјите-членки пред конечно да биде усвоена, за земјав да може да ги започне преговорите. Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, очекува целиот процес на усогласување меѓу земјите да заврши до октомврискиот самит на ЕУ на кој рамката би била усвоена.

Допрва ќе помине низ филтрите на земјите-членки и секоја земја-членка ќе нападне некој збор, реченица, став, поглавје, параграф и т.н. и ќе се обиде да си ги додаде своите национални позиции, рече Османи.

За очекувањата колку би можела да биде изменет предлогот на Комисијата, Димитров пак е сигурен, дека и овој документ е резултата на веќе направени консултации со земјите-членки.

Ќе видиме како ќе оди таа дебата. Ќе биде интерсно за некои на кои што им беше важна новата методологија, смета Димитров.

Според рамката прв ќе се отвори кластерот фундаменти, каде покрај владеењето на правото, фундаменталните права, правдата и безбедноста, додадени се и економските критериуми, јавните набавки, функционалност на демократските институции и реформата на јавната администрацији. Овој кластер освен што прв ќе се отвори и последен ќе се затвори, а ќе биде и алфа и омега за другите кластери.

Напредокот во кластерот фундаменти ќе го определи целиот тек на преговорите и ќе се земе предвид при носењето одлука за отворање на новите кластери и поглавја, се наведува во предлог-преговарачката рамка на ЕК.

Очекувано, рамката ги содржи копенхашките критериуми, но и регионалната соработка и добрососедството, при што конкретно се споменати договорите со Грција и Бугарија при што се бара видлив резултати при нивна имплементација.

За тоа како земјата ќе ги спроведува реформите и ќе се усогласува со европските стандарди и правила предвидени се и три контролни механизми – суспензивната клаузула, клаузулите за дисбаланс и за реверзибилност. Со нив доколку земјата не напредува или назадува, Унијата ќе може да ги стопира преговорите, да ги врати назада, па дури и да отовори некои затворени поглавја или кластери. Нив ќе може да ги активира Европската комисија или земја-членка.

Европскиот совет ќе може да го одбие само со реверзно квалификувано мнозинство. Што значи дека најмалку две-третини од земјите треба да бидат против активирање на овој казнен механизам, рече Османи.

Предлогот на Комисијата предвидува и дека ниту еден кластер нема да се затвори доколку не се спроведат и антикорупциските критериуми поврзани со тоа поглавје.

Документот за првпат го споменува и македонскиот јазик без каква и да е или фуснота. Со тоа по повеќе од 15 години македонскиот јазик се врати во документите на Европската унија, овојпат со потребата земјава на македонски да го преведе целото европско законодавство.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Предложените измени на „балансерот“ ги поделија партиите

Дејан Дејан

Тренчевска: Линеарното зголемување на пензиите за сите пензионери не е добро

Дејан Дејан

Сопругот на 32-годишна жена од тетовско која почина на КАРИЛ бара одговори – зошто обичната операција за вадење камен од бубрег завршила со смртен исход

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе