Вести Македонија Топ вести

Затворени џамиите во Кичево, меѓу заболените е и имамот

По два дена без нов корона пациент, црвеното светло во Кичево од денеска се вклучи меѓу верниците.

Оџа во џамија во Кичево е позитивен на корона вирусот и заминува во самоизолација. Кичевското муфтивство одлучи да стави клуч на 8 џамии во градот Кичево и во околните населени места, а на верниците им порача да останат воздржани и да ги избегнуваат религиозните објекти.

Забраната доаѓа денеска, а ќе трае најрано до крајот на неделата. Дали оџата ја ширел короната без да знае ќе покаже неговата епидемиолошка анкета, и тестирањата на лицата со кои тој бил во контакт.

Стравот меѓу верниците и исламските челници доаѓа откако пандемијата во Кичево се рашири за само неколку дена, а црната статистика сега брои 30 заразени. Загрижувачки е што 25 граѓани се уште се водат како активни случаи и се борат со болеста Ковид-19.

Препораките на исламското раководство во Кичево е верниците да не прибегнуваат кон останатите џамии во околните градови додека не се смири ширењето на заразата.

Откако исламската верска заедница претрпе реформи во највисокото раководство со смената на реисот, најави дека на короната наместо со паушални изјави ќе и се спротистави со мерките и препораките на здравствените власти.

ИВЗ ги отвори капиите на верските објекти на 12-ти мај и оттогаш на сила се препораките да се држи дистанца и да се носат маски при извршување на верски обред.

Токму, празничните обреди според епидемиолозите се причината за зголемениот број случаи кои во изминатиот бран се водат под терминот „втор бран“ на пандемијата.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Како се случи 10.000 регистрирани членови да не го остварат правото на глас? – Деспотовски бара одговори од ЦИК за изборите во СДСМ

Дејан Дејан

Филипче: Нема да делам, туку ќе обединувам, сигурен сум дека СДСМ повторно ќе победува

Дејан Дејан

Венко Филипче, нов лидер на СДСМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе