Спорт Фудбал

Гвардиола потврди: Сане се сели во Минхен

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола денеска официјално ги потврди информациите дека Лирој Сане си заминува од клубот и ќе се пресели во Баерн Минхен.

„Изгледа дека си заминува. Трансферот не е завршен. Има уште неколку проблеми кои треба да се решат, но изгледа дека тој е на пат кон Минхен. Ние му посакуваме се` најдобро и му се заблагодаруваме за сите овие години заедно. Му посакуваме се` најдобро во еден така голем клуб“, рече Гвардиола.

Сане дојде во Сити токму на инсистирање на шпанскиот стратег во 2016 година за 37 милиони фунти од Шалке. Германскиот репрезентативец сезонава запиша само еден настап за „граѓаните“, бидејќи заработи тешка повреда на коленото за време на летните подготовки минатата година.

Крилниот напаѓач има уште една година од договорот со премиерлигашот, па сега останува двата клуба да се договорат околу обештетувањето.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе