Свет Топ вести

Прво апсење на полицијата во Хонг Конг според новиот закон за национална безбедност

Полицијата во Хонг Конг соопшти дека го извршила првото апсење откако стапи во сила новиот закон за национална безбедност.

Полицијата соопшти дека е уапсен маж кој го држел знамето за независност на Хонг Конг, што е прекршување на новото законско решение што е изгласано во Пекинг, а почна да се применува од вчера, додаде германската агенција.

Ова е прво апсење откако законот влезе во сила, на Твитер соопшти полицијата на Хонг Конг.

На сликата што полицијата ја стави на Твитер се гледа како знамето на кое пишува „независност за Хонг Конг“ лежи на тротооарот, а покрај него стои маж.

Тој носи маица на која пишува „Ослободете го Хонг Конг“, пренесуваат британските медиуми.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Престрелка во Бит Пазар – едно лице загина, оштетени се објекти и возила

Дејан Дејан

Трамп: Русија направи голема отстапка што не ја зазеде цела Украина

Дејан Дејан

Пожарите на истокот се гаснат со возила стари од 30 до 50 години – Кочани бара едно ново, иако му требаат минимум три

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе