Вести Економија Топ вести

По три и пол месеци полетаа првите авиони од аеродромите во земјава

8 часот изутрина – скопски аеродром. Прв пат по три и пол месеци полн со патници. Уште на влез ги чека информација за строгите протоколи за патување. Мора да се тука три часа пред полетување на авионот. Влезот не може да го поминат без маска на лицето. Прво ги дезинфицираат рацете, па поминуваат кај термална камера која ја мери  нивната телесна температура. За сомнителните патници на Ковид 19 има посебна соба за изолација. Откако и ние ги поминавме сторогите правила, тргнавме дирекнтно на писта –  да го испратиме првиот авион  на „Туркиш ерлајнс“ кој ќе полета за Истанбул.

Вжештени лица од високите температури надвор, уморни од чекање, а сепак радосни. Едни  слетуваат и по повеќе месеци заглавени во странство ќе можат да бидат со своите најблиски. Други со странски документи едвај чекаат да полетаат за  Холандија, Франција… и да ја напуштат земјава. Чекалните се со  редуциран број на луѓе. Тие пак кои не беа информирани дека со македонски пасош не можат да летаат за земјите од Шенген зоната, се враќаат назад.

За роднините кои ги испраќаат и пречекуваат забранет е влез во зградата.

Други пак нетрпеливо чекаат некого, со видна возбуда на лицата – по подолг период нивните најблиски може да долетаат во земајва.

Бремен, Ларнака, Стокхолм и Келн денеска  беа првите дестинации кон кои веќе полетаа првите авиони од  скопскиот аеродром.  Првиот пак што пристигна, тој од Истанбул беше пречекан со т.н. воден мост во форма на виножито, авијациски поздрав за добредојде. А денеска, само од скопскиот аеродром треба да полетаат 28 авиони  со околу 1.700 патници.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Разговорите за мир меѓу Украина и Русија во „критична фаза“

Дејан Дејан

Георгиев: Одговорноста во случајот со Димитровска е индивидуална, но дефинитивно влијае врз работата на ДКСК

Дејан Дејан

СДСМ обвинува дека била скината казна за брзо возење на брат на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и била пишана на друг возач

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе