Од 2250 теста колку што се направени во периодот од 22 до 29 јуни има само еден позитивен резултат. Според правилата името на позитивниот нема да биде соопштено и тоа лице ќе мора во следниве седум дена да биде во изолација.
Од моментот на проектот Рестарт во Англија направени се вкупно 11 рунди на тестирања и земени се вкупно 12.000 примероци и до овој момент има само 19 позитивни случаи.
Според планот следната серија на тестирања во Премиер лигата ќе почне веќе од утре, а резултатите ќе бидат соопштени следниот понеделник.