Македонија Топ вести

СЈО денеска престанува со работата

Според новиот закон за јавно обвинителство кој стапува на сила од денеска, СЈО , кое беше формирано во 2015 година престанува со работа.

Обвинителството е подготвено за примена на одредбите од новиот закон, предметите на СЈО ќе добијат завршница, вели за МИА, јавниот обвинител Љубомир Јовески.

Сторителите на кривични дела да ја добијат заслужената казна, додава Јовески.

На социјалната мрежа фејсбук се огласи и обвинителката Ленче Ристовска, која вели дека начинот на кој згаснал СЈО не заслужува коментар затоа што борбата за правда е вистинска, само кога е плод на внатрешен порив за одговорност.

Обвинителката Фетаи подвлече дека работата на обвинителите не згаснува со прекинот на работа на СЈО, додека адвокатот Миланов кој бранеше најголем дел од обвинетите во предметите на СЈО, оцени дека од денеска ниту еден од застапниците на поранешното СЈО немаат законско право да постапуваат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Терапијата која недостасуваше, пристигна на Онкологија

Дејан Дејан

Муцунски загрижен: Македонија може да ја пропушти 2030 година за членство во ЕУ

Дејан Дејан

Притвор и мерки на претпазливост за три лица во продолжената акција „Адитив“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе