Свет

Во Холандија почна аукција за 5Г фреквенции

Со учество на некои „големи играчи“ во телекомуникацискиот сектор, денеска во Холандија почна првата државна аукција на 5Г фреквенции, а најнискиот очекуван приход изнесува 900 милиони евра.

Предмет на аукцијата се фреквенциските опсези од 700, 1.400 и 2.100 мегахерци, а покрај домашната телекомуникациска компанија КПН, учествуваат и „Водафон“ и „Т-мобиле“.

Според правилата, аукцијата мора да заврши до 1 август, но можно е тоа да се случи и порано, а ниту една од заинтересираните компании нема да може да откупи повеќе од 40 проценти од кој било фреквенциски опсег.

Иако „Водафон“ во април објави дека почнал да обезбедува 5Г телекомуникациски услуги, кога станува збор за воведување на таа технологија, Холандија заостанува во однос на некои други европски земји.

Аукцијата на фреквенцискиот опсег од 3,6 гигахерци – кој во јавноста најчесто се поврзува со 5Г технологијата – е одложена до почетокот на 2022 година, поради преместување на еден сателитски систем кој би можел да го попречува функционирањето на таа технологија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран спроведува воени вежби во услови на тензии со Израел

Дејан Дејан

Напаѓачот во училиштето во Грац бил прогласен за ментално неспособен за воена служба

Дејан Дејан

Израел депортираше уште шест активисти од „селфи јахтата“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе