Македонија Топ вести

Семејството на Булен Ибрахим ќе го обжали решението на Обвинителството

Одлуката на Обвинителството да ја отфрли кривичната пријава против тројца лекари во слуачајот на Булент Ибрахим затоа што не е утврдена лекарска грешка, е шок за семејството на 38 годишниот ресенчанец кој почина лани од компликации по рутинска операција на хемороиди. Интервенција на црно, лекување во домашни услови, за на крај да умре во агонија. Што ли уште требаше да се случи за да има одговорност, прашува таткото на Булент, Сулејман Ибрахим. Тој вели дека ова може да им се случи и на други пациенти.

Просторијата била катастрофа, без никакви услови за операција, по што син ми добива сепса. После операцијата син ми му се јавува на докторот и му се жали на болки, а тој го убедува дека тоа е од операција. Другиот ден му дава инфузија, а јас мислам дека законот не дозвилува доктор да дава инфузија во домашни услови, вели Сулејман Ибрахим, такто на Булент.

Хурургот го оперирал Булент во амбуланата на друг лекар, со асистенција на анестезиолог вработен во јавното здравство а ординацијата немала дозвола за таква интервенција. По настанатите компликации, откако не му помогнала терапијата што хирургот му ја давал дома, Булент бил однесен во болница, но веќе било доцна. По неговата смрт не била направена обдукција, а Обвинителството сега наведува дека токму поради тоа не може да се утврди причината за смртта.

По смртта на син ми дежурниот лека р ме прашаува дали сакате да направиме обдукција. Во тој момент, во таква ситуација, не смее да прашува. Законот вели дека без обдукција мртво човек не смее да излезе од болница, вели Сулејман.

Пријавениот лекар пред јавниот обвинител негирал дека го сторил кривичното дело и тврдел дека  Здравствениот  инспекторат, Лекарската комора и комисијата на Министерството за здравство не констатирале пропусти во неговата лекарска интервенција. Но, Здравствениот инспекторат веднaш по смртта на Булент Ибраим лани, ја затвори амбулантата во која беше извршена интервенцијата затоа што не ги исполнувала потребните услови, а на лекарот му забрани да работи надвор од неговата ординација. Лекарската комора, пак, го исвестила обвинителството дека не утврдиле пропусти во лекувањето на Булент Ибрахим. Сега неговото семејство решението за отфрлање на кривичната пријава  ќе го обжали до Вишото јавно обвинителство.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шест ирански нуклеарни научници меѓу загинатите во израелскиот напад

Дејан Дејан

Израел ги пресретна сите 100 ирански беспилотни летала

Дејан Дејан

Уапсени уште 13 полициски службеници за пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе