Повеќе десетици имиња се наоѓаат на листата кривични пријави кои денеска во скопското обвинителството ги предаде притворениот Бојан Јовановски Боки 13. Товари и функционери и бизнисмени за злоупотреби и други тешки кривични дела, но неговиот адвокат не соопштува кои се поради законските пречки. Обвинителството со часови го распрашуваше, по што ќе биде отворени предмети, и ќе се проверува вистинитоста на наводите на осудениот во случајот Рекет.
11 кривични пријави со неколку десетици имиња и на функционери и на политичари и на државни службеници но и на болнички менаџери и бизнисмени. Бојан Јовановски-Боки 13ка претпладнево беше донесен во скопското обвинителство каде ги предаде на обвинител и пријавите и доказите што смета дека се битни за тие пријави. Барал да се поднесат пријавите на записник поради што пријавувањето траеше со часови. Неговиот адвокат не ги открива имиња за да не го прекрши законот и да не и наштети на постапката, но откри за какви дела се стокмени пријавите на Боки 13 и дека за наведеното може да се бараат докази и во државни институции и обвинителства.
Според адвокатот, денешните кривични пријави не може да го сменат правниот статус на Јовановски во случајот Рекет каде е осуден на 9 години затвор и во случајот Меѓународен Сојуз каде е првообвинет. Дукоски тврди дека пријавите не се поврзани со случајот Рекет за кој тврди дека Боки 13 не зел никакви пари за што го товари обвинителството за организиран криминал.
На 18-ти јуни со првостепена пресуда заврши процесот Рекет, Јовановски доби 9 години, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева 7 годишна затворска казна. Претстојат жалби, а на изрекувањето на пресудата Боки 13 ги спомна екс премиерот Зоран Заев и неговиот брат дека се лица каде завршувале пари од рекет во државата, по што Заев негираше и објави дека Јовановски лаже поради тоа што како премиер го пријавил случајот. Станува збор за милион и пол евра на Орце Камчев поврзани со олеснителна состојба за истрагата за случајот Империја на СЈО. И Камчев беше спомнуван од Јовановски како потенцијален осомничен во неговите денес поднесени 11 кривични пријави, но засега нема никаква информација кој е е на списокот на Боки 13.
Миомир Серафиновиќ