Партиите се обраќаат претежно кон сопственото членство, а најголемиот дел од народот се чувствува како да гази по минско поле, додека од страна го бомбардираат со бомби. Вака аналитичарите го оценуваат почетокот на кампањата кој, велат, јасно ја отсликува состојбата во која се наоѓа државата-поделеност по сите основи, без решенија на повидок за проблемите и кризата која следува. Нема нова понуда која ќе навести дека ќе се случат суштински промени.
Констатација на аналитичарите е и дека, спотовите се контрастни, со критика кон опонентот која со тек на време може да се претвори во негативна кампања. Целта е да се постигне ефект кај своите поддржувачи, а не кај неопределените гласачи.
Понудата се` уште не е целосна, голем број од партиите не излегоа со политички платформи, но не се очекува до крајот на кампањата да се излезе од востановениот принцип на напади кон противникот.
Во меѓувреме, и од Агенцијата за медиуми побараа да не се злоупотребуваат деца во партиските рекламни спотови и да не се поттикнува и шири дискриминација, нетрпеливост и омраза врз која било основа.
Далиборка Демјанска Цветановска