Македонија

Во прекин е сообраќајот на патот Тетово-Јажинце, се излеа Габорска река

Во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Тетово-Јажинце поради надојдената вода на Габорска река, кај селото Доброште. Екипи на Центарот за управување со кризи се на терен, додека механизацијата на Јавното претпријатие Македонија пат работи на расчистување на коловозот и коритото. Сообраќајот се пренасочува преку спореден локален пат. Ноќеска се излеала и реката Бистрица која направила помали штети во неколку села.

По неколкудневните врнежи од дожд и топењето на снегот, од ноќеска поплавен е регионалниот и меѓународен патен правец Тетово- Јажинце, кај мостот во село Доброште. Надојдената вода на Габорска река тече над коловозот, при што има и наноси од камења, кал и дрвја. Сообраќајот е во прекин се пренасочува преку локален спореден пат. Екипи на Центарот за управување со кризи се на терен, додека механизацијата на Јавното претпријатие Македонија пат работи на расчистување на коловозот и коритото.

Екипи на општина Теарце уште вчеравечер почнале да интервенираат со багери и го рушиле горниот мост на реката Габорска, со што било спречено да се поплави дел од селото Доброште. Во поплавата оштетени се неколку електични столба, а штети имаат и две мали хидроцентрали.

Жителите на село Доброште велат дека не паметат толку голема поплава на оваа река. Среќни се што нема поголеми штети.

Ноќеска и реката Бистрица се излеала неколку неаселени места. Во село Теарце се поплавени неколку плевни, додека во селото Јегуновце биле поплавени неколку куќи и градини. Градоначалникот на општина Јегуновце, Дарко Блажевски, информира дека општинските екипи ноќеска работеле на терен и дека денес ситуацијата е под контрола.

Даниејла Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претседателката на ДКСК однесена во Кривичен

Дејан Дејан

Битката со канцер низ солзи раскажана пред камерата на Телма

Дејан Дејан

„Ало Бушавко“ алармира за повици со самоубиствени мисли

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе