Македонија Најважни

Анкета на „Телма“: СДСМ со водство пред ВМРО – ДПМНЕ од 1,6 проценти

Анкетата на Телма, ИЦДС „Социетас Цивилис“ и „М – Проспект“ – која ја објавуваме на стартот на изборната кампања покажува дека за коалицијата можеме предводена од СДСМ се определиле 23, 5 % од испитаниците, за Коалицијата за Обнова на Македонија 21,9 проценти,  За ДУИ се определиле 6,4 %, а за Алијансата на Албанците и Алтернатива 5%.

ВМРО-ДПМНЕ има предност од 3% само кај македонските гласачи, но на ниво на држава со гласовите на Албанците и другите етнички заедници коалицијата на СДСМ има предност од 1,6 процентни поени, што е скоро занемарлива и е во рамките на статистичката грешка на анкетата.

Анкетата е со статистичка грешка од 3,1 %, со ниво на доверба од 95% -изработена телефонски на репрезентативен примерок од 1003 испитаници, од 16 до 21 јуни годинава.

Детали, анализи и кростабулации за анктетата и предвидувањата на исходот на изборите вечерва во Топ Тема од 19 часот и 15 минути.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поранешна директорка на ТЕЦ Неготино приведена во истрагата заедно со претседателката на Антикорупциска

Дејан Дејан

Одземен пасошот на Татјана Димитровска и забранети ѝ се одредени работни активности

Дејан Дејан

„Собранието не ги почитува ни загинатите, ни живите во Кочани!“ – реакција на Општина Кочани што не се одржа комеморативна седница за жртвите во „Пулс“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе