Емисија за спортските фанови, но и за сите оние кои се во потрага по вистинска мотивација и инспирација. Ние ја пронаоѓаме во приказните на звучните имиња од домашната и меѓународната спортската сцена и ви ја пренесуваме.
Дознаваме како изгледа секојдневието и животниот стил на спортистите, како ги поднесуваат поразите, но и како се радуваат на победите? Како се станува победник, а како се останува со гордо крената глава кога си губитник?
Во „Ферплеј“ ви пренесуваме и детали од нивната приватност, комуникацијата со најблиските и фановите, нивните други таленти, афинитети и пасии кои вообичаено се подалеку од очите на јавноста.
Во спортот не е важно само да учествуваш, важно е да победиш, но НАЈВАЖНО ОД СĖ Е да покажеш ФЕРПЛЕЈ.
Гледајте нè секоја недела во 16:15 на Телма.