Вести Македонија

Се менува изгледот на градот во близина на Кале, предлог ДУП-овите се изложени и се чека на забелешките од граѓаните

Неколку листови хартија и безброј детали и нацртани ситници. Предлог-деталните урбанистички планови веќе стојат изложени и достапни за јавноста, во читалната „Славко Јаневски“ во центарот на градот. Овие цртежи го илустрираат токму овој простор кај скопското Кале. Се крои идниот изглед на другата страна на Вардар. Јавната анкета ќе трае два месеци, секој работен ден од 8 до 16 часот, и сè така до 16 септември. Дефинирани се границите на просторот во Планот.

Границата на планскиот опфат на Деталниот урбанистички план Градска четврт ЦС 14 – Кале и Спортско рекреативен центар Кале е дефинирана и вкупната површина опфатена во рамките на опишаните граници изнесува 26,21 хектари. Границата на планскиот опфат на Деталниот урбанистички план Градска четврт ЦС 01-Француски гробишта, Тетовска трошарина и Парк 2 е дефинирана и вкупната површина на овој план изнесува 52,42 хектари, соопштуваат од општина центар.

Од општината не сакаат да откриваат повеќе детали за идните планови и визии за изгледот на овој простор. Ќе почекаат најпрво да ги слушнат забелешките на граѓаните кои ќе поднесат анкетни листови со забелешки и предлози во врска со предложените планови. Јавна презентација е закажана кон крајот на летото, на 29 август во Музејот на современа уметност.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Си Џипинг вчера пристигна во Србија

Дејан Дејан

ДИК: Излезноста на гласачи до 9 часот помала во однос на 2019 година

Дејан Дејан

На гласачкото место 2640 повеќе гласачи утрово во однос на првиот круг претседателски избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе