Сериозна повреда на Уставот, доколку се има предвид дека станува збор за споменик чиј што карактер е меморијален и треба да биде регулиран во Законот за меморијални споменици и спомен обележја. Се соочуваме со два спорни моменти во овој случај, вели Барџиева Трајковска.
- Тоа што подигнувањето на овој споменик не ја почитува процедурата на Законот. Собранието воопшто не го ставило во програмата за прославување на познати личности и настани, која што е петгодишна програма. Врз основа на таа програма што ја носи Собранието морало да донесе поединечна одлука за издигање, за подигнување меморијален споменик. И тука би спаѓал токму овој споменик кој што е именуван како Споменик на жртвите на ОНА. Врз основа на таа одлука би бил формиран одбор кој ќе ја следи процедурата од почеток до крај, проф. д-р Донка Барџиева Трајковска, претседателка на Центар за културно наследство.
Во изминативе пет години собранието нема донесено годишна програма за чествување на значајни личности, настани и празници. Фактот дека Собранието е заобиколено во овој случај говори за обид нешто да се сокрие и наместо надлежните институции да си ја префлаат вината веднаш да побараат Собранието да докаже дали била испочитувана целата процедура, во спротивно станува збор за сериозна повреда на Уставот, смета Барџиева Трајковска.
- Министерството за култура како една од надлежните институции, бидејќи за спроведување на овој закон има ингеренции во однос на контролата и надзорот на органите на локалната самоуправа, односно на општините, меѓутоа во однос на контрола на Собранието таква надлежност нема никој освен Уставниот суд. И во овој случај затоа што е заобиколено Собранието, и тоа не е прв пат туку во последниве 20 години и ова треба да го третираат експерти од доменот на уставното право. Истово се случуваше и во минатото, на пример пред Собрание беше поставен и сеуште стои споменикот на Никола Карев, а Собранието никогаш не донело одлука за негово подигање, проф. д-р Донка Барџиева Трајковска, претседателка на Центар за културно наследство.
Станува збор за важен настан од блиската историја и освен жртви на ОНА како и во секој воен конфликт има жртви и кај бранителите и кога се обмислува решение за подигање меморијален споменик мора да се размислува за двете страни и тоа решение мора во себе да го содржи и аспектот на помирување, вели Барџиева. Свеченоста за откривање на споменикот во чест на паднатите борци на ОНА во Слупчане е планирана за 2 мај . Споменикот чини 200.000 евра и е висок 20 метри.
Нина Стефанова