Постигнат е напредок за надминување на спорот со Бугарија, но се чека позитивен одговор од бугарската влада за предлогот за решение кој е прифатлив за македонската страна.
Ова денеска го изјави македонскиот шеф на дипломатијата, Бујар Османи, кој потврди дека постои документ кој Македонија е подготвена да го прифати
„Има постигнато напредок во размислувањата како да се надмине ова прашање, по однос на тоа: како што и кога. Има еден таков документ кој што ние сме подготвени да го прифатиме, меѓутоа се додека не добиеме одговор дека тој е прифатлив и за Бугарија сметам дека не се созреани тие предуслови да можам да ја ги информирам пратеницвите и јанвноста бидејќи документот може да биде одбиен“, изјави Османи.
Но дека Скопје го чека одговорот од Софија, во Бугарија, како се приближува јуни повеќе се заоструваат меѓупартиските разлики токму по прашањето на Македонија, вклучително и во самата владеачка коалиција.
По неодамнешниот оптимизам на бугарскиот премиер, Кирил Петков, дека работите меѓу двете земји се помесетени во позитивна насока, министерката за надворешни работи која не е од редовите на партијата на Петков, туку од партијата на Слави Трифунов, „Има таков народ“, со изјава дека работите меѓу „Нема напредок по политичките прашања и покрај нашите желби“, рече Генчовска.
Несогласувањата во бугарската владеачка коалиција околу решението со Македонија, денеска посредно го потврди и Османи кој од тие причини не сакаше да ја коментира изјава на Генчовска, иако таа изјава ја даде во својство на шеф на бугарската дипломатија во чија надлежност се политичките разговори со Македонија.
„Не сакам да ги коментирам внатрешни политички разлики во Бугарија, ние комуницираме со бугарската влада и не сме прифатиле никогаш да имаме паралалени разговори со различните чинители во Бугарија па дури и да се институционални чинители, не само политички. Ние разговараме со бугарската влада и останува на неа дали ќе може да постигне едногласност по било какво решение“, изјави Османи.
Но можеби појасна слика за тоа која е позицијата на бугарската влада – дали има или нема напредок за надминување на спорот со Македонија и дали за Софија е прифатлив предлогот за кој Скопје го чека одговорот, ќе даде лично бугарскиот премиер Петков кој в сабота ќе ја посети Битола, заедно со потпретседателката на бугарската држава, Илиана Јотова, за да го товорат клубот на здружението на македонските Бугари, Ванчо Михајлов“.
Притоа се уште не е потврдено дали Петков ќе има официјална средба со македонскиот премиер, Димитар Ковачевски, што ќе зависи од здравствената состојба на Ковачевски, или само со некој од македонските министри, информираше денеска Османи.
Инаку бугарската држава е еден од финансиерите на здруженијата на македонските Бугари во земјава.
На прашањето зошто е тоа дозволено, кога Договорот за добрососедствоне доволува мешање во внатрешни работи на другата држава, вклучително и грижа за своите малцинства, Османи со краток одговор: .
„Членот од Договор не е баш така, асиметричен е“, рече Османи.
Тамара Грнчароска