Познатото битолско Ислахане, зградата која во Османлиско време беше училиште за занаети и уметност, државата ќе го стави под заштита. Монументалниот објект, стар 120 години, меѓу битолчани познат како стариот Прогрес, е пример за негрижата за нашето културното наследство, затоа што со години е руниран, а фасадата целосно се распаѓа. Министерката за култура Ирена Стефоска, денеска дојде во Битола да го одбележи Светскиот ден на споменици и локалитети и да ја најави заштитата на Ислахането.
-Со чествување на овој ден, ние му оддавме почит и на нашето огромно културно добро, но не само за да се потсетиме дека го имаме во изобилство, туку да потесетиме дека мораме да го сочуваме и покрај сите предизвици. Затоа, денеска, сакам да соопштам дека Завод и музеј Битола, ислахането го става во списокот на објекти под времена заштита, рече министесрката за култура Ирена Стефоска.
Од битолскиот Завод и музеј велат дека обејктот е евидентиран и извршена е валоризација од нивна страна, но, нема, статус на објект под заштита, но, постапката е веќе отпочната.
-Со цел унапредување и редефинирање на статусот на овој објект како посебен споменик на културата, од страна на стучните лица во Завод и мзуеј Битола, во соработка со Управата за заштита на културно наследство веќе е започнат процесот за негова привремена заштита, вели Мери Стојанова, директор на Завод и музеј-Битола.
Меѓу седумте изградени на Балканто во тоа време, битолскот и солунското ислахане се единствените сочувани. Зградата функционирала како училиште од 1902 до 1912 година, потоа се користела како магацински простор, а тука биле сместени и производствени погони на битолски фабрики. Објектот денес е приватна сопсвеност и ставен на продажаба.
Емилја Мисирлиевска