Оставка од Урсула Фон дер Лајен денеска побара унгарскиот премиер Виктор Орбан, откако Судот на правдата на Европската Унија на 14 мај ја прогласи Фон дер Лајен за одговорна за прикривање информации за договори за снабдување со вакцини, пренесе МИА.
Орбан го објави тоа на социјалната мрежа Икс со фотографија стилизирана како насловна страница на списанието „Тајм“, посветена на повлекувањето на поранешниот американски претседател Џо Бајден од изборната трка во 2024 година, со слика од Фон дер Лајен и текст „Време е да си одиме“.
Неговиот повик доаѓа откако повеќе од 70 членови на Европскиот парламент на 27 јуни ја поддржаа иницијативата за гласање недоверба на Фон дер Лајен.
Европратениците го разгледаа овој предлог во понеделникот, а за него треба да гласаат утре.