Вести Свет

Русија се нуди да го преземе збогатениот ураниум од Иран

Русија е подготвена да го преземе високо збогатениот ураниум од Иран и да го преработи за мирољубиви цели, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Настапувајќи на самитот на БРИКС во Бразил, Лавров посочи дека Москва е технолошки и политички подготвена да посредува во процесот – доколку Техеран тоа го побара.

  • „Подготвени сме да го земеме вишокот збогатен ураниум од Иран и да го преработиме во Русија, а потоа да го вратиме во Техеран за користење во нуклеарни централи,“ изјави Лавров, потсетувајќи дека Русија ја понудила истата опција уште пред постигнувањето на Заедничкиот сеопфатен акциски план.

Лавров истакна дека Русија сака да помогне во приближување на ставовите меѓу САД и Иран, при што Оман и други земји од Заливот веќе одиграле улога во олеснување на дијалогот.

Тој потсети дека САД се повлекоа од нуклеарниот договор во 2018 година, но сега покажуваат интерес за негово обновување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ДЗС: Спречено ширење на пожарот во светиниколско Делисинци, селото спасено

Дејан Дејан

Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и во Волково – до 18 часот се евидентирани 25 пожари

Дејан Дејан

ОЈО ги испитува причините за настанување на пожарот во Визбегово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе