Вести Свет Топ вести

(Видео) Некои загубиле свест, некои пишувале проштални пораки – драма на лет во Јапонија, авион паднал 25.000 стапки за 10 минути

Околу 200 патници беа сведоци на драматични моменти за време на летото на авиокомпанијата „Спринг Ерлајнс“ од Шангај кон Токио, кога Боингот 737 почна нагло да паѓа за 25.000 стапки за 10 минути. Според сведочења на патници, некои од патниците загубиле свест додека други почнале да пишуваат проштални пораки во страв дека авионот ќе се урне и дека загинат.

На видео снимки кои ги направија дел од патниците се гледа како паѓаат маските за кислород, а екипажот дава упатства за нивно користење.

„Слушнав пригушен шум и паднаа маските за кислород. Екипажот рече да ги ставиме, велејќи дека дојде до дефект во авионот“, раскажа еден од патниците.

„Изненадувачки паднаа маските за кислород додека спиев. Почнав да плачам“, додаде друг патник.

Според министерството за сообраќај на Јапонија, наглото спуштање на авионот се случило кога се огласил алармот за губење на притисок во патничката кабина. Авионот бил принуден да се спушти од 36.000 стапки на 10.500 пред да слета на аеродромот Кансаи во Осака. Инцидентот мина без повредени, а авиокомпанијата им понудипо 104 долари и бесплатно ноќевање на патниците.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Студентите најавија блокади во Белград, Нови Сад и Ниш, Вучиќ со молба да не го прават тоа

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин, денеска ќе разговарам со Зеленски

Дејан Дејан

Алиу најави проширување на позитивната листа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе