Пратеничката С.П. од Скопје, денеска во два часот во Полициската станица – Кисела Вода пријави дека околу 23 часот на булеварот „Србија“, едно лице кое било со патничко возило „мерцедес“ ѝ упатило закани, информираа попладнево од Министерството за внатрешни работи.
Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.