Вести Македонија Топ вести

Арсовска до Агелер: Не ви е малку незгодно во листата на ВИП гости вчера што ви беа лица кои треба да ви се на црна листа?

Со објава на социјалната мрежа „Фејсбук“, градоначалничката Скопје, Данела Арсовска со честитки, но и прашање ѝ се обрати на амбасадорката на САД, Анџела Агерел.

„Не ви е малку незгодно во листата на ВИП гости вчера што ви беа лица кои треба да ви се на црна листа на санкции?“, напиша Арсовска.

Ваквите пораки доаѓаат по вчерашната прослава по повод Денот на независноста на САД кој се прослави во дворот на американската амбасада во Скопје.

Арсовска во објава ги спомена членовите на раководството на Вреди, меѓу кои ги потенцираше првиот вицепремиер Изет Меџити и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу.

„Овие двајцава незгодно насмеани на фотографијава, за кои имаат институциите цврсти докази за криминал во најмалку 152 случаи и за кои се спроведуваат сериозни истраги во моментов, наместо да ви се на црна листа на санкции на САД насочени против поединци и бизниси вклучени во корупција и нарушување на човековите права, ви беа во прв ред во Амбасада вчера“, посочи Арсовска.

Арсовска дополнително во објавата потенцираше дека на црната листа на САД со децении се наоѓаат лица поради наводи за корупција и поткопување на демократски процеси, а како истакнати меѓу нив се и политичари, поранешни премиери и министри, градоначалници, судии.

„САД ги санкционираат таквите поединци како дел од напорите за промовирање на одговорност и борба против корупцијата во регионот на Западен Балкан. А за овие двајца ИМА НЕПОБИТНИ ДОКАЗИ, не НАВОДИ“, потенцира Арсовска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претседателот на Врховниот суд Фидани вети дека ќе ја врати довербата во судството

Дејан Дејан

Очекувајте темератури над 40 степени, ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните

Дејан Дејан

Паолучи: Фокусирајте се на зајакнување на домашните темели на економскиот раст

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе