Соединетите Американски Држави ја запреа испораката на дел од ракетите за противвоздушна одбрана и друга муниција на Украина, поради загриженост дека залихите на вакво оружје во американската војска се премногу мали.
Оваа одлука е донесена изминативе денови и се однесува и на проектили за соборување на руски беспилотни летала и ракети, јавуваат светските медиуми. Пентагон соопшти дека ја прилагодува воената помош кон Украина, со цел да ја одржи подготвеноста на американските сили, а на претседателот Доналд Трамп му е оставена можноста да ја продолжи помошта во согласност со поставените цели.
Сепак, деталите за конкретниот вид оружје што е запирано засега не се откриени. Меѓувреме, Русија продолжува со засилени воздушни напади и освојување нови територии во југоисточните региони на Украина, додека САД и нивните сојузници се соочуваат со предизвикот на обезбедување доволно високотехнолошки системи за противвоздушна одбрана на Киев, особено поради двоумењето на некои европски земји кои се загрижени за сопствената безбедност.
Русија ноќеска жестоко го нападнаа Харков и околината, при што е пријавена една жртва и четворица повредени. Исто така, руска артилерија нападна болница во Херсон, при што се повредени пет пациенти и три медицински сестри, објавија украинските власти.