Вести Македонија Топ вести

Со над 200 амандмани почнува расправата за ребалансот на Буџетот

Во Собранието денеска почнува расправата за ребалансот на Буџетот за 2025 година, во второ читање, со над 200 поднесени амандмани. Владата предвидува приходи од 362,4 милијарди денари и капитални расходи од 47,5 милијарди, со проекција за раст на БДП од 3,7% и инфлација од 2,8%. Буџетскиот дефицит останува на нивото од 4% од БДП.

Министерката за финансии Димитриеска-Кочоска порача дека ребалансот е продолжение на дисциплинирана фискална политика, со намалување на јавниот долг и раст на економската активност.

Во првиот квартал од 2025 година е забележано намалување на јавниот долг за 36 милиони евра. Фајнанс Тинк пак вчера оцени дека проекциите за раст на даночните приходи се амбициозни, и додаваат дека растот на пензиите и платите во администрацијата може да ја вивнат инфлацијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андоновски: Ќе разговараме со нотарските комори да се прифатат електронските документи како валиден документ

Дејан Дејан

(видео)Андоновски: „Електронскиот паричник“ е опција, не обврска

Дејан Дејан

(видео)Андоновски во Топ Тема: Има десетици компании кои што веќе работат исклучиво електронски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе