Вести Македонија

Ревидирана преговарачка структура, активирани фондови, зголемена видливост – отчет на Муртезани за евроинтеграциите во изминатите 12 месеци

Спроведени политики, активирани фондови, конкретни институционални чекори и зголемена видливост на македонската евроинтеграција, истакна Орхан Муртезани, министер за европски прашања, на тематската прес-конференција претпладнево во Скопје за сработеното и резултатите во изминатите 12 месеци. 

„Ревидирана преговарачка структура, притоа земајќи ги предвид и новините во пристапните преговори во насока на зајакнување на дијалогот за ЕУ, завршени се сите законски процедури пред останатите земји во регионот и повлечени се средства од претфинансирањето во висина од 52,5 милиони евра, доставено е првото барање за ослободување на средства во висина од 17 милиони евра од кои над девет милиони евра се однесуваат на капитални инвестиции“, рече Муртезани.

Паралелно, како што изјави, се координира ревидирањето на индикативната листа на инвестициски проекти во рамки на Инстументот за реформи и раст од Реформската агенда, како и планирање на процесот на аплицирање при инвестициската рамка за Западен Балкан.

„Листата во моментот опфаќа 19 проекти во вкупна вредност од 1,1 милијарда евра. Добиени се четири грантови за техничка помош при инвестициската рамка за Западен Балкан, аплицирано е со два проекти за техничка помош и два инвестициски грантови при WBF за техничка помош за Северна Македонија. Истовремено го финализиравме програмирањето на ИПА 2025-2027, со 67 милиони ерва насочени кон стратешки сектори, вклучително и владеење на правото, образование, јавната администрација и иновациите“, рече Муртезани.

Тој додаде дека се донесени акти за структурата на планот за раст кои ја дефинираат структурата за координација на четирите столбови на планот, како и структурата на реформската агенда каде се дефинирани надлежностите во спроведување, следење, евалуацијата и известувањето, како и надлежностите за контрола и ревизија на реформската агенда.

„Нивната операционализација ќе овозможи да имаме ефикасен систем кој ќе овозможи навремено спроведување на обврските и систем за рано предупредување за евентуални ризици. Но, и систем кој ќе врши контрола и ревизија за спречување на можни коруптивни активности и злоупотреби“, потенцира Муртезани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Арсовски: Генезата на проблемот лежи во првите два договори за добрососедство

Дејан Дејан

Ранѓеловиќ: Во Извештајот и шпански јазик да стои дека се зборува во Македонија тоа ништо нема да придонесе ниту да го закочи евроинтеграцискиот процес

Дејан Дејан

Еврокомесарката Марта Кос пристигна да се увери во реформските чекори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе