Вести Свет

Балтичките држави и официјално се повлекоа од Договорот за противпешадиски мини

Балтичките држави Естонија, Летонија и Литванија ја известија Организацијата на Обединетите нации за нивното повлекување од Отавската конвенција за забрана на употреба на противпешадиски мини, соопштија министерствата за надворешни работи на трите земји синоќа и денеска.

Трите поранешни советски републики кои граничат со Русија, а сега се членки на ЕУ и НАТО, поднесоа официјална декларација која ќе стапи во сила шест месеци по нејзиниот прием.

Со оваа одлука испраќаме јасна порака: нашите земји се подготвени и можат да ги употребат сите потребни мерки за одбрана на сопствената територија и слобода, се вели во декларацијата.

Отавската конвенција предвидува сеопфатна забрана за употреба, складирање, производство и транспорт на сите видови противпешадиски мини, кои се сметаат за особено нехумано оружје. Договорот е склучен во 1997 година и оттогаш е потпишан од повеќе од 160 земји, но меѓу нив не Русија, САД, ниту Кина.

За повлекување од конвенцијата претходно одлучија владите на трите земји, а го одобрија парламентите на овие балтички држави. На тој начин тие следат заедничка препорака на министрите за одбрана, но и на Полска, а им се придружи и Финска.

Отфрлањето на конвенцијата е одраз на заканата што ја претставува Русија и војната што ја води против Украина, а балтичките држави ја гледаат како директна закана за сопствената безбедност. Целта на ваквиот потег е да се зајакне одвраќањето и одбранбените способности и да ѝ се овозможи на војската поголема флексибилност и слобода на одлучување, наведоа потписничките.

Хуманитарните организации и бројни добитници на Нобелова награда ја критикуваа нивната одлука и ги повикаа владите на трите земји да се заложат за договорот. Загриженост поради ваквата одлука изрази и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, но балтичките држави истакнуваат дека и по повлекувањето од договорот и понатаму ќе се придржуваат до начелата и стандардите на меѓународното хуманитарно право и заштитата на цивилното население.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демонстратите на денешниот голем протест во Белград побараа предвремени избори

Дејан Дејан

„Марш за ангелите“ во Кочани – семејствата на трагично загинатите млади луѓе бараат одговорност од институциите

Дејан Дејан

Фараж: Албанија да си ги земе криминалците назад

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе