Вести Свет

Самоубиствен напад во пакистан, најмалку 16 загинати војници

Најмалку 16 пакистански војници беа убиени, а 10 ранети, заедно со 19 цивили, кога бомбаш самоубиец со возило натоварено со експлозив влета во воен конвој во пакистанскиот округ Северен Вазиристан, во покраината Хајбер Пахтунхва, соопштија локалните власти.

Експлозијата, исто така, предизвика уривање на покривите на две куќи, при што беа повредени шест деца, изјави полицаец во Хајбер Пахтунхва.

Ниту една група сè уште не ја презеде одговорноста, но нападите на милитантите Техрик-и-Талибан Пакистан (ТТП) се честа појава во овој регион, објави „Хиндустан тајмс“.

Нападот е еден од најсмртоносните изолирани напади врз безбедносните сили во последните месеци во покраината Кхбјер Пахтунхва.

Пакистанската војска досега не издаде соопштение за нападот.

По неодамнешните напади врз безбедносните сили во областите Вазиристан, Хајбер и Курам во покраината Хајбер Пахтунхва, пакистанската армија ги засили разузнавачките операции во покраината.

Во март, пакистанската војска соопшти дека уби 10 милитанти за кои се сомнева дека имаат врски со ТТП, откако бомбаш самоубиец наводно го нападна кампот на Граничниот корпус во близина на контролниот пункт Џандола во Јужен Вазиристан.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демонстратите на денешниот голем протест во Белград побараа предвремени избори

Дејан Дејан

„Марш за ангелите“ во Кочани – семејствата на трагично загинатите млади луѓе бараат одговорност од институциите

Дејан Дејан

Фараж: Албанија да си ги земе криминалците назад

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе