Вести Свет

Протести во Тајланд, демонстрантите бараат оставка од премиерот

Неколку стотици демонстранти се собраа во Бангкок на протест барајќи оставка од премиерката на Тајланд, Патонгатарна Шинаватра, во услови на зголемени тензии во односите со соседна Камбоџа.

Шинаватра се соочува со растечко незадоволство во Тајланд поради неодамнешниот граничен спор со Камбоџа, каде што на 28 мај беше убиен еден војник во вооружена престрелка.

Негодувањето на граѓаните беше засилено од телефонскиот разговор што протече на социјалните мрежи, во кој Шинаватра му рече на претседателот на Сенатот на Камбоџа, Хун Сен, да не „го слуша противникот во Тајланд“.

Демонстрантите носеа знамиња и транспаренти и блокираа делови од улиците во центарот на Бангкок, а некои од водачите на протестот се членови на групата „Жолти кошули“, која е лојална на тајландската монархија.

Активностите и протестите на оваа група доведоа до воени удари во 2006 и 2014 година, кога беа соборени тогашните лидери на Тајланд.

Хун Сен денеска вети дека ќе го заштити територијалниот интегритет на земјата и го осуди граничниот напад во мај, за кој вели дека бил нелегален.

Постои долга историја на територијални спорови меѓу овие две земји, која трае од 1962 година, кога спорната територија ѝ беше доделена на Камбоџа со пресуда на Меѓународниот суд на правдата.

Петонгтарн Шинаватра моментално е под истрага на Уставниот суд и националната агенција за борба против корупцијата, кои исто така би можеле да ја отстранат од функцијата, додека таа тврди дека не е загрижена за сето ова.

Судовите во Тајланд се сметаат за столб на заштита на монархискиот систем, а земјата покажува бруталност кон политичките противници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стотици илјади луѓе учествуваа во Парадата на Гордоста во Будимпешта

Дејан Дејан

Владата ќе стимулира млади брачни парови да се станат градинари и фармери, но земјоделците не гледаат перспектива во аграрот

Дејан Дејан

Американската амбасада ги предупреди своите државјани да избегнуваат подрачја во Белград

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе