Вести Свет

Еден загинат, а 14 се ранети во руски напад во Одеса

Едно лице е убиено, а 14 се повредени во текот на ноќта во најновиот руски напад со беспилотни летала врз јужниот украински град Одеса, соопшти државниот обвинител на Украина, пренесува агенцијата Анадолија.

Во ноќта на 20 јуни, Русите извршија масовен напад со беспилотни летала врз Одеса користејќи најмалку десет беспилотни летала, соопштија обвинителите, тврдејќи дека 23-катна станбена зграда и други станбени блокови биле меѓу тешко оштетените структури.

Тројца спасувачи, исто така, се меѓу повредените, се додава во соопштението.

По нападот пожари избувнаа на неколку локации во градот, а локалните власти сè уште го проценуваат степенот на материјална штета.

Најновиот напад доаѓа по серија напади со беспилотни летала низ јужна Украина.

Руската страна сè уште не одговорила на украинските тврдења, а засега  еневозможна и независна потврда на кажаното со оглед на актуелниот вооружен конфликт.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Марш за ангелите“ во Кочани – семејствата на трагично загинатите млади луѓе бараат одговорност од институциите

Дејан Дејан

Фараж: Албанија да си ги земе криминалците назад

Дејан Дејан

Стотици илјади луѓе учествуваа во Парадата на Гордоста во Будимпешта

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе