САД подготвуваат нова „црна листа“ за Западен Балкан, откако претседателот Доналд Трамп ги продолжи вонредните мерки воведени со извршната наредба на Буш од 2001 година.
Со одлуката, Вашингтон повторно ја нагласува заканата од лица што го поткопуваат мирот и стабилноста во регионот, особено во Македонија, Босна и Косово.
Новата листа на санкции, која ја подготвува Канцеларијата за контрола на странски средства може да опфати високи функционери и компании поврзани со корупција, воени злосторства и екстремизам. Мерките вклучуваат блокирање средства, забрана за влез во САД и прекин на финансиски трансакции.