Вести Свет

Путин нема да присуствува на БРИКС, му се заканува апсење

Рускиот претседател Владимир Путин, нема да патува на самитот на БРИКС во Бразил бидејки е  баран од Меѓународниот кривичен суд ,  соопшти Кремљ, додавајќи дека министерот за надворешни работи Сергеј Лавров ќе биде таму.

Путин ќе зборува на настанот преку видео врска, изјави неговиот дипломатски советник Јуриј Ушаков, додавајќи дека рускиот претседател не патува поради „одредени тешкотии во контекст на барањето на МСП“.

Како член на Меѓународниот кривичен суд, Бразил би бил должен да го уапси Путин доколку присуствува.

Сепак бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва изјави дека Путин ќе биде поканет како членка основач на БРИКС, и покрај потерницата за нелегална депортација на украински деца во Русија, што Москва го негира.

Самитот на Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужна Африка, Египет, Етиопија, Индонезија, Иран и Обединетите Арапски Емирати ќе се одржи на 6 и 7 јули во Рио де Жанеиро.

Рускиот претседател Путин редовно ја фали БРИКС – група од десет земји во развој, претставувајќи го како противтежа на „западната хегемонија“ во светот.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Западниот Балкан останува во геополитичкиот интерес на ЕУ

Дејан Дејан

Арсовска поднесе пријава за 20 дивоградби во Чаир

Дејан Дејан

Жељазков- Кошта: Бугарија нема да поставува нови услови за Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе