Вести Македонија Топ вести

Избегнувајте да излегувате од 11 до 17 часот – ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните од топлото време

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) oбјави препораки за заштита на лицата над 65 години во услови на високи температури. Оттаму нагласуваат дека оваа група на луѓе се посклони кон здравствени проблеми поврзани со топлината. Потсетуваат дека согласно националните и меѓународните препораки, овие лица се категоризирани како таканаречена „ризична категорија“.

Се апелира повозрасните да избегнуваат изложување на сонце, како и работа на отворено, во периодот од 11 до 17 часот.

„Да носат лесна, светла и памучна облека, заштитни очила за сонце, капа со висок свод и широк обод и крем со УВ фактор 30+ при изложување на сонце. Да се пие повеќе од вообичаено и да не се чека додека не се почувствува жед за вода. Алкохолните пијалаци да се избегнуваат, како и оние што содржат кофеин, но и екстремно ладните. Доколку лекарот им има поставено некои ограничувања за внес на течности, да се консултираат со него“, се наведува во препораките на ИЈЗ.

Се препорачува да се избегне користење шпорет, рерна и слични уреди од 11 до 17 часот.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, дневните температури во текот на денов ќе достигнат и до 41 степен Целзиусов. Времето се очекува да биде сончево и многу топло.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владата и синдикатите со спротивставени ставови околу потрошувачка кошничка

Дејан Дејан

Пет отсто од БДП за одбрана е голем предизвик

Дејан Дејан

Обвинение за таткото кој ја тепаше својата 4-годишната ќерка – се бара и продолжување на притворот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе